АдБлу
Адитив за намалување на штетната емисија на гасови Селективна Каталитичка Редукција
Kатегорија: | AdBlue (ад-блу) |
---|---|
Kод: | 2.10.000 |
Европска унија-еуро-4 & еуро-5 мотори
Европската унија во нејзините напори да го ограничи загадувањето воведе мерки од Октомври 2006 година познати како еуро-4, норми кои дозволуваат максимално количество на NOx(азотни оксиди) штетни материи во издувните гасови од автомобилите од 3,5 gr/kWh. Следната директива , позната како еуро-5, со која производителите треба да го намалат количеството на NOx штетни материи во издувот на 2,0 gr/kWh стапи на сила во октомври 2009 година. Автомобилската индустрија се одлучи за решение на проблемот со додавање на адитив за намалување на штетната емисија на гасови - Selective Catalytic Reduction (SCR) Селективна Каталитичка Редукција, намалување. Основната предност на SCR е тоа што со нејзина примена намалувањето на оксидите на азотот NOx е до 90% ,Хидрокарбонатите HC и моноксидите на јаглеродот CO од 50-90% - PM од 30-50%
Kако работи Селективната Каталитичка Редукција SCR
Оваа метода го комбинира оптималното согорување во моторот со систем за дополнително согорување на издувните гасови со цел намалување на нивото на штетните издувни гасови како што се оксидите на јаглеродот (NOx). Основниот фактор во оваа процедура е употребата на адитивот АдБлу (AdBlue). Овој адитив се вбризгува со специјален систем кој го имаат возилата што треба да ги исполнуваат овие норми, во издувниот систем-ауспухот, помеѓу моторот и катализаторот каде што поради високата температура АдБлу се претвара во амоњак. Поминувајќи низ катализаторот амоњакот и првичните оксиди на Азотот реагираат едни со други и се претвараат во водород и водени испарувања, два елементи кои не се штетни за атмосверата. За да се исполнат еуро-4 нормите потрошувачката на АдБлу е 3-4% , а на еуро-5 нормите 5-7% од потрошувачката на гориво.
Квалитетот на АдБлу
Многу е важно да се обрне внимание на квалитетот на АдБлу, кој треба да биде многу висок. Употребата на адитив кој не ги задоволува барањата од DIN 70070 и ISO 22241 може да предизвика повеќе проблеми меѓу кои и прерано затнување на катализаторот поради недобро согорување а со тоа и зголемен притисок во моторот затоа што издувните гасови неможат слободно да излезат, што пак ќе предизвика низа други проблеми. Со употебата на АдБлу со низок квалитет келиите на катализторот се намалуваат и деактивираат неговите активни елементи.
Нашата компанија е подготвена да ви понуди и снабде со АдБлу со висок квалитет и да ви одговори сите ваши барања и прашања.